Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Герасимовски: Традиционалниот пролетен атлетски крос ги обедини основците од Центар

Whatsapp image 2025 04 16 at 13.39.00.jpeg
300x250 opst2

Општина Центар информира дека денеска, на Кејот на реката Вардар, се одржа традиционалниот пролетен атлетски крос, на кој учество зедоа ученици од VI до IX одделение од сите општински основни училишта на територија на Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека традицијата продолжува и задоволен е што од година во година сè повеќе ученици земаат учество. 


„Овие настани не само што промовираат здрави навики, туку и го зајакнуваат другарството и спортскиот дух кај младите генерации. Најуспешните ученици беа наградени со медали, дипломи и награди. Им честитам на сите учесници и победници, продолжуваме да ги поддржуваме спортските активности за младите како дел од својата заложба за здрав и активен живот”, вели Герасимовски. 

Листа на наградени ученици на Атлетскиот крос – Центар 2025 се:

Прва група: VI и VII одделение – девојки (300 метри)
1 место: Лана Кесиќ – ООУ „Киро Глигоров”
2 место: Теодора Колческа – ООУ „Димитар Миладинов”

3 место: Далија Реџепи – ООУ „Св. Кирил и Методиј”

Втора група: VI и VII одделение – момчиња (400 метри)

1 место: Адам Османовски – ООУ „11 Октомври”
2 место: Максим Малјановски Арнаудовски – ООУ „Димитар Миладинов”
3 место: Марко Ничевски – ООУ „Ј.Х.Песталоци”

Трета група: VIII и IX одделение – девојки (500 метри)
1 место: Марта Димковска – ООУ „Димитар Миладинов”
2 место: Ина Прчоска – ООУ „Димитар Миладинов”
3 место: Катја Самојленко – ООУ „Ј.Х.Песталоци”

Четврта група: VIII и IX одделение – момчиња (600 метри)
1 место: Петар Наневски – ООУ „Гоце Делчев”
2 место: Грегор Јошев – ООУ „Димитар Миладинов”
3 место: Матеј Петрески – ООУ „Св. Кирил и Методиј”

Можете да прочитате

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Меџити од централниот митинг во Чаир: Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум да работам до крај

Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот