Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Со инвестициите од претходните три години во наследство оставаме проекти за многу следни генерации

Whatsapp Image 2024 11 01 At 10.36.30 6a76341b.jpg

Претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, капитални инвестиции во образовните институции и инклузивниот процес, паметно осветлување и инфраструктурни проекти, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го претстави тригодишниот отчет пред граѓаните. Тој на прес конференција посочи дека изминатиот период општината е фокусирана и посветено работи на реалните потреби на жителите и локалната самоуправа, а за тоа говори и високата реализација на буџетот која изнесува 87%.

Герасимовски отчетот го започна истакнувајќи дека дел од проектите кои актуелната локална власт ги реализирала за три години се направени по повеќе од 50 години.

Од капиталните проекти тој рече дека Општина Центар е носител на иновациите потенцирајќи го трговското друштво „Енергија Центар”.

„Општина Центар уште еднаш покажа дека е лидер во иновациите. Ние сме првата општина во државата што основа претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Преку „Енергија Центар” поставивме фотоволтаични централи на градинката „Пепелашка”, со што за една година ги преполовивме нејзините трошоци за електрична енергија. Пред два месеци, фотоволтаични панели поставивме и на кровната површина на училиштето „Киро Глигоров”, вкупно 720 панели со инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција, во вредност од 7,3 милиони денари, беше обезбедена од општинскиот буџет.

Нашата цел е да поставиме фотоволтаични централи на сите основни училишта и градинки, а средствата од продажбата на вишоците електрична енергија да ги реинвестираме во нови фасади, подобрување на објектите и унапредување на наставниот процес “, изјави Герасимовски пред новинарите.

Тој рече дека за првпат во државата е отворена енергетска канцеларија каде правните и физичките лица може да се информираат за постапките и документацијата за поставување на фотоволтаични панели.

Од капиталните инвестиции Герасимовски зборуваше за доградбата на училиштето „Коле Неделковски” по цели 66 години како и поставувањето на паметното осветлување со кое општината ќе заштеди на сметките за јавно осветлување.

„Ветивме и го исполнивме проширувањето на капацитетите на училиштето „Коле Неделковски”. По 66 години, училиштето за првпат доби четири нови училници и два кабинети. Дополнително, изградивме лифт и санитарни јазли за учениците со посебни образовни потреби. Градиме модерна и современа општина. Инвестиравме два милиони евра во реконструкција и модернизација на уличното осветлување, приклучувајќи се на проектот Смарт сити. Во завршна фаза сме на поставување на улични светилки со ЛЕД технологија и паметни ормари, што ќе придонесе за зголемена безбедност, подобрен квалитет на осветлувањето и до 70% заштеди за општината”, рече Герасимовски.

Изградбата на градинката „Пролет” во вредност од 2,5 милиони евра и улицата „Ленинова” се уште едно ветување за кое зборуваше Герасимовски.

„Со особена радост сакам да најавам дека внатрешното уредување на новата градинка „Пролет” е при крај. Општина Центар со сопствени средства во износ од околу 2,5 милиони евра ја гради најголемата градинка во државата, со капацитет за згрижување на 150 деца од населбите Пролет и Маџир Маало. Ова е модерна градинка на две нивоа, опремена со пристапни рампи, лифт и сопствена кујна. Го исполнивме и барањето на граѓаните и ја реконструиравме улицата „Ленинова”, која сега е модерна, зелена и урбана улица. Создадовме паркинзи за станарите, ново осветлување, паркинзи за велосипеди и велосипедски патеки од двете страни на улицата “, изјави Герасимовски.

Градоначалникот на Центар Герасимовски зборуваше за новиот проект кој во моментов се работи, а се однесува на зелен појас во Капиштец.

Можете да прочитате

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост

Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски