Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Продолжуваме со „Цел Центар на точак“, пријавете се за субвенции за нов велосипед

Whatsapp Image 2024 07 05 At 11.07.31 34a15925.jpg

Општина Центар денеска го објави Јавниот повик за доделување субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, во рамки на проектот „Цел Центар на точак”. Финансиската поддршка изнесува 30 проценти од сумата на купениот  велосипед, но во износ најмногу до 3.000 денари .

„Секој полнолетен жител на Општина Центар може да се пријави на овој Јавен повик. Морам да нагласам дека велосипедите и електричните тротинети треба да се купени по 1.6.2024. Потребно е само да ја доставите потребната документација. Проектот „Цел Центар на точак” со години наназад се покажа како успешен. Центарци имаат навистина огромен интерес, а во исто време проектот придонесува кон здрава и чиста животна средина”, порача градоначалникот Герасимовски.

За доделување на финасиската помош потребно е да се достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет.

Барањето за субвенција е достапно во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака бр.6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје www.centar.gov.mk.)

Комплетната документација заедно со барањето се доставува во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик.

Субвенционирањето трае се до исцрпување на средствата.

Правото на субвенција е еднократно.

Можете да прочитате

Значајни инвестиции за подобрување на условите во ООУ „Лазо Ангеловски“ и спортскиот центар „Марко Божиновски“

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Апел за рационално користење на водата

Ѓорѓиевски го отвори новиот спортски комплекс ,,Бецко” во местото Дупки во Драчево