Утрински Весник
Култура

Герасимовски: Оштина Центар со повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби 

Aven Povik.jpg

Проектот “Образование за сите” успешно се реализира веќе шеста година по ред. Целта е да им обезбедиме лични асистенти на децата со посебни образовни потреби што ќе го следат нивниот процес на образување и нивно целосно вклопување во образовниот систем. Јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби е во тек и ќе трае до крајот на неделавa, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во  утринската емисија на Канал 5.

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено средно образование, одредени проекти со деца, предност ќе имаат лицата со повисоко образование, дефектолози, психолози, социјални работници и педагози кои имаат проекти во овој сегмент на образованието, предност имаат и самохрани родители. Навистина одличен проект кој од година во година го подобруваме и е во интерес на децата, појасни Герасимовски.

Тој истакна дека повикот за лични асистенти на децата со посебни образовни потреби беше објавен и на почетокот на учебната година, но истиот се објавува и во второто полугодие и ќе трае до завршетокот на учебната година поради зголемување на бројот на децата.

,,Имаме околу двесетина  деца од нашите осум основни училишта каде асистентите помагаат во нивниот образовен процес”, истакна Герасимовски.

Јавниот повик е распишан на 18 јануари и трае пет работни дена.  Избраните кандидати, со договорот што ќе го потпишат, ќе бидат ангажирани 20 работни часа во текот на неделата за што следува надоместок од 15.000,00 денари. 

Заинтересираните за јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби во проектот „Образование за сите”, можат да се информираат на следниов линк https://www.centar.gov.mk/?p=19616

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“