Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Герасимовски: Од 15 до 20 април, приклучете се на акцијата за одложување кабаст отпад во Центар

Kabast otpad 5.jpeg
Img 7972

Општина Центар ја започна третата акција за собирање кабаст отпад, која ќе се одржи од 15 до 20 април. По успешните акции во февруари и март, жителите ќе можат бесплатно да го одложат отпадот во контејнерите за таа намена поставени на следниве локации:

– ДЕБАР МААЛО – ПАРК
ул. „Наум Наумовски Борче” – кај Партизан
– ДЕБАР МААЛО
ул. „Алберт Ајнштајн” кај КСП – Центар Јадро
– БУЊАКОВЕЦ
ул. „Киро Крстевски Платник”, кај кривината со ул. „Рајко Жинзифов”
– БУЊАКОВЕЦ
на аголот на улиците „Борка Талевски” и „Костурски херои”
– ПРОЛЕТ
бул. „Крушевска Република”, спроти Веро Џамбо
– ВОДНО
ул. „Питу Гули”, кај кошаркарското игралиште


„Апелирам да продолжиме со одговорното одлагање на овој вид отпад. Искористете ги поставените локации за да го направиме Центар почист и поурбан”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Акцијата се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Акцискиот план за чист воздух.

Паралелно, продолжува и големата кампања за чистење под мотото „Центар чисти, Центар не чека”.

Можете да прочитате

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Меџити од централниот митинг во Чаир: Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум да работам до крај

Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот