Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, Општина Центар стои на располагање да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани

Gerasimovski Itno Kopce 3 1.jpeg

Градоначалникот Горан Герасимовски изразува најдлабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и истакнува дека Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани. 

„Со голема тага и неверување утринава ја примив веста за трагедијата во Кочани, во која млади животи беа прерано згаснати. Најдлабоко сочувствувам со семејствата, роднините и пријателите на загинатите во оваа страшна несреќа. Ова е ненадоместлива загуба, болка што ја чувствува цела Македонија. На повредените лица, кои се под медицинска нега, им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во моменти на ваква тага, најважно е да бидеме заедно, да се поддржуваме и да си помагаме. Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани на кои е потребно. Солидарноста е неопходна во овие тешки моменти. Нашите срца и мисли се со вас”, вели Герасимовски. 


Можете да прочитате

Адеми пред ПС Карпош: Не дозволувајте политизација на настанот и обвинување на ДУИ

Семејството ја бара се уште: Сања Христова не е најдена!

Давид Темелков и други Македонци во Загреб нудат сместување за семејствата на повредените