Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Герасимовски: Исчистена дивата депонија позади амбасадата на Грција, граѓаните да пријавуваат проблеми со јавна чистота

Diva Deponija 2.jpeg
Dik 300x250 mk

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби со механизација вчера ја исчистија дивата депонија која била лоцирана позади Амбасада на Република Грција. Тој потенцира дека чистењето на дивите депонии е приоритет на Општина Центар, затоа што тие претставуваат закана за здравјето на граѓаните и животната средина. 

„Во текот на вчерашниот ден ја исчистивме дивата депонија позади Амбасада на Република Грција. Со камион се подигна отпад од мебел, пластика и картони. Депониите се потенцијален извор на инфекции, загадување и опасност за жителите. Наша обврска е да реагираме брзо и ефикасно, грижата за чиста и здрава околина мора да биде заедничка одговорност на институциите и граѓаните”, изјави Герасимовски.


Ова е третата исчистена депонија во последните неколку месеци. Претходно беа отстранети дивата депонија позади трговскиот центар Буњаковец, до катната гаража и дивата депонија во близина на трговскиот центар Ист Гејл Мол којашто беше под надлежност на Градот Скопје. 

Ги повикувам сите граѓани да пријавуваат диви депонии и проблеми со јавната чистота со цел навремена интервенција на општинските служби. Пријавите можат да се достават на телефонските броеви: 076/350-767 и 02/3203-693. Нашите служби веднаш ќе излезат на терен за да ја подобриме хигиената во Центар. Само со заеднички напори можеме да создадеме поубаво и почисто место за живеење”, посочи Герасимовски, 

Можете да прочитате

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад

Димитриев: Аеродромци, ова не е ни моја, ни твоја – ова е НАША општина

Коалиција за зелена иднина: Граѓаните бараат зелена и одговорна локална власт