Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: И ова утро, Општина Центар го исчисти сметот во Дебар Маало, Комунална хигиена на продолжен викенд

Opstina centar cisti 3.jpeg

Утрово, жителите на Дебар Маало повторно се разбудија со полни и неисчистени контејнери. Наместо поажурно одржување и чистење на јавниот простор од страна на надлежното јавно претпријатие ЈП Комунална хигиена, за чистењето и овој пат интервенираше Општина Центар со сопствени ресурси.

„Ова не е првпат да реагираме наместо тие што се надлежни. Општината нема надлежност за собирање на сметот на подземните и надземните контејнери, но имаме одговорност кон граѓаните. И токму затоа, три месеци секојдневно го собираме сметот од центарските улици, чистотата мора да биде биде главен приоритет на сите. Продолжуваме да го одржуваме и Дебар Маало, и сите населби во Центар, но бараме ЈП Комунална хигиена поажурно да работи и секое утро да биде чисто кога центарци изглегуваат од дома. Недозволиво е центарското градско подрачје наутро да биде во смет”, вели градоначалникот Горан Герасимовски, истакнувајќи дека и ова утро добиле поплаки од граѓаните за нечистотијата.


Наместо ЈП Комунална хигиена да праќа деманти дека секојдневно го собира и транспортира комуналниот отпад според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад, Општина Центар апелира од утре, од 7:00 часот изутрина центарските улици да бидат чисти. 

Ги повикуваме граѓаните да пријавуваат смет и диви депонии на следните телефонски броеви 076/350-767 и 02/3203-693. Општинските служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во централното градско подрачје. Центар не чека, Центар чисти.

Можете да прочитате

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка во скопски Карпош се огласи – тие беа жртви на семејно насилство