Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Доделени 48 спортски стипендии, инвестираме во нови базени и современа училишна инфраструктура

Img 2456.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на отворањето на Лига Центар за учебната 2025/2026 година, додели 48 спортски стипендии на ученици од основните училишта во општината, како признание за врвните резултати постигнати во различни спортски дисциплини.

Стипендиите се доделуваат во три категории, во износ од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, и се исплаќаат во текот на осум месеци од учебната година. Добитници се учениците што се истакнале како најдобри стрелци, играчи и голмани во Лига Центар, како и оние кои постигнале исклучителни резултати во пливање, карате, гимнастика, тенис, џудо, скијање, триатлон, мечување и бадминтон.


Герасимовски, честитајќи им на младите спортисти, истакна дека локалната самоуправа континуирано вложува во создавање подобри услови за спорт и физичка активност на младите.

„Во програмата за наредниот период предвидуваме изградба на два нови покриени базени, едниот токму во ова училиште, „11 Октомври”, а вториот во ООУ „Димитар Миладинов”. Учениците од Центар ќе имаат уникатна можност пливањето да стане дел од наставната програма. На тој начин, децата ќе стекнуваат здрави спортски навики уште од рана возраст, што ќе придонесе за развој на физичката активност и правилен раст и развој,” изјави Герасимовски.

Со ваквите вложувања, Општина Центар потврдува дека спортот и здравјето на младите се врвен приоритет, а создавањето услови за активен и здрав живот е еден од темелите на современа и одговорна општина.

Можете да прочитате

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар – вака Ѓорѓиевски го води Скопје