Утрински Весник
Скопје

Герасимовски до младите: Аплицирајте за субвенција за полагање возачки, безбедноста е најважна

15ac16f9 F8fc 4f83 869c Ff19de32b1f7.jpeg

 „Возењето автомобил без возачка дозвола е опасно за сите, младите лица мора да имаат положено возачки испит доколку сакаат да бидат учесници во сообраќајот. Вчера, распишавме јавен повик за доделување субвенции на младите жители на Центар за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на нашата општина. Со овој чекор, преку субвенција од 10 илјади денари ги поттикнуваме младите да учат од професионални возачи, законски да можат да управуваат возило наместо да возат без возачки дозволи што е недозволиво. Безбедноста на младите во сообраќајот е приоритет!”, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.

Герасимовски, потенцира дека возењето возило со возачка дозвола е клучно за безбедноста во сообраќајот, а за да се биде одговорен учесник во сообраќајот, неопходно е да се помине обука и да се има возачка дозвола.


Право на субвенција имаат сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година, а живеат на подрачјето на Општина Центар најмалку една година.

Субвенцијата изнесува 10.000,00 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.

Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 09:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи:

– Барање за субвенција;

– Копија од лична карта;

– Копија од трансакциска сметка;

– Доказ за извршена уплата во автошкола; – Доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар;

Повеќе информации: https://www.centar.gov.mk/?p=23911

Можете да прочитате

Градоначалникот Висар Ганиу ја промовираше Поврзувачката Порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија

„Сити базар – Подари љубов” осмомартовски базар во Скопје Сити Мол

Општина Сопиште бара итно решавање на проблемот со нередовниот јавен превоз