Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките

G.jpeg

Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот.

„Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни установи”, истакна градоначалникот  на Општина Центар Горан Герасимовски.


Згрижени се 116 деца  во  градинките „13 Ноември”, „Кочо Рацин” и „Раде Јовчевски Корчагин”, каде го поминуваат  времето во безбедна средина, преку разни  активности прилагодени на нивната возраст.

Општина Центар останува единствената локална самоуправа во државата која организира ваков тип летно згрижување за деца од училишна возраст, со  цел да да обезбеди континуирана грижа за семејствата и во летниот период.

Можете да прочитате

Меџити: Започнува соработката со Универзитетот „Мајка Тереза“ во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение