Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Центар го поедностави уписот за првачиња, постапката по електронски пат

Goran.jpg

Општина Центар ги информира родителите на идните првачиња дека постапката за упис во прво одделение е поедноставена и целосно дигитализирана. Преку веб-страницата на Општината (www.centar.gov.mk), секој родител може брзо и лесно да провери во кое основно училиште припаѓа неговото дете и веднаш да поднесе апликација за запишување.

MK Summit

Со пристап до делот „Урбанизам” и избор на ГИС порталот, потребно е корисникот да се регистрира, а потоа преку категоријата „Реонизација на училишта” да ја внесе својата точна адреса. Системот автоматски ја прикажува информацијата за надлежното училиште и нуди линк до електронската пријава за упис. Во случај адресата да не биде автоматски пронајдена, постои можност да се постави точка на мапата и со клик на опцијата „Побарај по локација” да се добијат истите информации.


„Запишувањето во прво одделение никогаш не било полесно. За само неколку минути, родителите можат да проверат кое е нивното училиште и да ја поднесат електронската апликација. Нашата цел е родителите да се чувствуваат сигурно и поддржано, а децата да го започнат своето образование со позитивно искуство уште од првиот чекор. Продолжуваме да инвестираме во дигитализација, транспарентност и модерни услуги кои навистина го олеснуваат животот”, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Со оваа дигитална алатка, Општина Центар го олеснува процесот на запишување во прво одделение, овозможувајќи родителите со неколку клика да го започнат еден од најважните чекори во образованието на нивните деца.

Можете да прочитате

Делови од Аеродром, Карпош и Сарај денеска без струја

Вода протекува од мостот кај хотелот Александар Палас – ВИДЕО

Арсовска доби Благодарница од скопските пожарникари