Утрински Весник
Македонија

Георгиевски: Дај Боже Мицкоски едно да зборува, а друго да прави за проблемот со Бугарија

Image 1.png

„Мене не ми е проблем што зборувал едно сега води друга политика, дај Боже тоа да го направи и со Бугарија и конечно да тргнеме во ЕУ“ изјави поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски во емисијата „Трилинг“.

Тој додаде дека е изненаден што во Македонија се пласираат тези што ќе ни била ЕУ и тоа дека што и да направиме сега во овие четири години нема да влеземе во ЕУ.

„За таа теза што си ја шират во владејачката структура, дека што и да направат во наредните 4 години нема да влеземе во ЕУ, сакам да потсетам дека во минатите 33 години самостојна и независна Македонија, секој премиер и секоја Влада правеле нешто за да направат чекор кон ЕУ“ рече Георгиевски.

Тој додаде дека кога тој станал премиер, во ЕУ ставот бил дека Западниот Балкан не треба да влегува во ЕУ, но бил направен пробив и Македонија прва потпиша Договор за Стабилизација и асоцијација со ЕУ.

„Ние кога го направивме тој чекор не мислевме дека во наредните 4 години ќе влеземе. Знаевме дека влегувањето ќе биде после 20 години, но сме направиле еден чекор а мислам дека сите влади досега правеа некои такви чекори и одеднаш сега ние имаме кочница на патот“ рече Георгиевски.

Можете да прочитате

Обвинителство оформи предмет за Груби и судијата Беџети

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Филипче: Несоодветни се измените на Законот за јавни набавки, тоа е чекор назад