Утрински Весник
Спорт

Газдите на Ливерпул се откажале од целосна продажба на клубот

Газдите на Ливерпул се откажале од целосна продажба на клубот

Фенвеј Спортс Груп (ФСГ), кој е сопственик на Ливерпул, повеќе не е заинтересиран за целосно продажба на клубот.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Мирор“, Американците кои го поседуваат Ливерпул од 2010 година, решиле да разгледаат други опции.

Една од нив е дека „Ред Брд Капитал Партенрс (РБКП)“, компанија која има 11 отсто од акциите во Ливерпул, значително да го зголеми својот удел.

Тие индиректно рекоа дека се заинтересирани за таква можност, која на ФСГ може да му донесе заработка од 1.000.000.000 евра.

Така, РБКП би можел да добие уште 20 отсто од акциите и да контролира речиси една третина од сите акции на клубот од Енфилд.

Во Ливерпул се надеваат дека евентуалната продажба на Манчестер јунајтед може дополнително да ја подигне цената на клубот.

Инаку, компанијата РБКП, го купи Милан минатата година и има значителен дел од акциите во францускиот прволигаш Тулуз.

ФСГ претходно имаше разговори со потенцијалните купувачи, пред се од инвеститори од Катар, но тоа наиде на големо неодобрување кај навивачите.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка