Утрински Весник
Спорт

Газдата на Сити ја купува Олимпија од Љубљана

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Компанијата „Сити Фудбал Груп“, чиј основач е сопственикот на Манчестер сити, Мансур бин Зајед Ал Нахјан од Обединетите Арапски Емирати, размислува да ја купи Олимпија Љубљана, пренесува словенечкиот портал „Екипа“.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на Олимпија, Шпанецот Алберт Ријера, кој во 2006 година играше за „Граѓаните“ како позајмен играч од Еспањол, има добри врски со луѓе од „Сити Фудбал Груп“.

Компанијата ги поседува следните клубови: Џирона од Шпанија, Ломел од Белгија, англискиот шампион Манчестер сити, Мелбурн сити од Австралија, Монтевидео сити Торки од Уругвај, Мумбаи сити од Индија, Њујорк сити од САД, Сечуан од Кина и Јокохама Ф. Маринос од Јапонија.

Олимпија од Љубљана е лидер во словенечкиот шампионат со 27 бода од 10 натпревари, втор е вицешампион Целје со 19 бодови.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами