Утрински Весник
Македонија

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Afrim Gasi Nasa Sobranie 696x534 1.jpg

Јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата. Што се однесува до Собранието, веднаш штом ќе има политички договор, ние сме спремни да ја почнеме процедурата. Мислам дека имаме 2/3 и тој процес во Собрание мислиме дека лесно ќе помине и ќе го реализираме. Зависи од политичкиот моментум, изјави денес претседателот на Собранието, Африм Гаши запрашан за европскиот пат на Македонија.

Неговиот став доаѓа по вчерашната изјава на новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос.

-Очекуваме С.Македонија да ги направи уставните промени, а потоа да го забрзаме процесот, кажа Кос по изборот на новата Европска комисија во Стразбур.

Запрашана дали ова ќе биде последно барање од Бугарија, еврокомесарката одговори дека на тоа не може да даде одговор. За да се реши блокадата на интеграцијата на земјава нагласи дека треба повеќе разговори со Софија.

-Да се зборува, што е можно повеќе, и со С.Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за С.Македонија, рече вчера Кос.

Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во ЕУ. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-члениот парламент во Скопје, но засега нема одобрение од Владата

Можете да прочитате

Поради немање кворум, одложен изборот на Христовски за асистент

Доцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање

Скоро половина метар снег на Скијачките центри, а најтопло во Гевгелија со 15 степени