Утрински Весник
Македонија

Гаши: Уставот не смее да се отвора ад-хок, потребен е широк консензус

656799214 1504325641056953 2326352456114561087 n.jpg

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изрази оптимизам дека долгогодишниот проблем со паркирањето околу законодавниот дом ќе биде конечно решен до крајот на 2026 година. Тој информираше дека веќе е објавена постапка за партерно уредување на катната гаража, со што се очекува подобрување на инфраструктурата во овој дел од центарот на Скопје.

„Процедурата трае 30 дена. Доколку сѐ се одвива според планот, очекуваме во мај да започнат градежните активности, а до крајот на годината објектот да биде ставен во функција“, изјави Гаши.


Во однос на кадровските прашања, Гаши посочи дека еден кандидат за член на Судскиот совет е повлечен, откако надлежната комисија утврдила дека не ги исполнува законските услови. Поради тоа, ќе биде распишан нов конкурс.

Тој најави и дека на 8 април пратениците ќе одлучуваат за избор на нови вицегувернери, додека предлог за нов уставен судија сѐ уште не е доставен до Собранието.

Осврнувајќи се на можноста за воведување на институтот „уставна жалба“ и евентуални измени на Уставот, Гаши истакна дека станува збор за исклучително чувствително политичко прашање, за кое е неопходен двотретински консензус.

„Штом ќе се отвори Уставот, секој се обидува да ги наметне своите политички цели. Тоа може да создаде поголеми проблеми отколку решенија. Не сум за ад-хок отворање на Уставот – ако се прават реформи, тие треба да бидат темелни и со широка општествена дебата“, нагласи Гаши.

Во однос на дебатите за примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд, тој порача дека прашањето треба да се разгледува и од политички и од експертски аспект, без избрзани реакции, но со јасен фокус на улогата на Судот.

Можете да прочитате

Охриѓанец осомничен за три кривични дела поврзани со семејно насилство

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот