Утрински Весник
Македонија

Галичник во сериозна опасност – патот оштетен од свлекување на земјиште

Dd 49.webp.webp

Селото Галичник е соочено со сериозно оштетување на патот кој го поврзува со други делови на земјата, предизвикано од свлекување на земјиште. Оваа ситуација претставува непосредна опасност за безбедноста на жителите, како и за туристите и посетителите кои често го посетуваат овој регион, велат од месната заедница. Тие апелираат до надлежните институции за брза интервенција и санација на оштетениот пат.

Патот, кој е од клучно значење за секојдневната комуникација и функционирање на заедницата, е во критична состојба, што може да резултира со прекин на пристапот до селото.


– Патот, кој е од витално значење за комуникацијата и секојдневниот живот во Галичник, во моментот е сериозно оштетен. Состојбата е таква што има потенцијал целосно да се прекине пристапот до нашата заедница. Ситуацијата претставува опасност не само за безбедноста на луѓето, туку и за нормалното функционирање на сите активности во местото, стои во информацијата од месната заедница Галичник.

Од месната заедница апелираат до надлежните институции, вклучително ЦУК и МВР, за итна реакција и санација на оштетениот пат, особено во пресрет на летната сезона, кога се очекува зголемен број гости и културни настани.

Можете да прочитате

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија

Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност во сообраќајот и за прекршоците

Николоски: Обвинителството да ги истражи злоупотребите што се правеле во АНБ и да ги процесуира одговорните