Утрински Весник
Свет

Г20: Направете напори да го намалите глобалното затоплување

Лидерите на Групата 20 (Г20), водечките светски економии, денеска најавија дека ќе направат напори да го ограничат порастот на глобалните температури на 1,5 Целзиусови степени, вклучително и постепено намалување на употребата на јаглен.

dobivaj vesti na viber

„ Решени сме да продолжиме со нашите напори за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 Целзиусови степени. Тоа ќе бара значајни и ефективни акции и посветеност од сите земји“, се вели во декларацијата објавена на крајот од самитот што се одржа на индонезискиот остров Бали, пренесе Ројтерс.

Декларацијата укажува на потребата да се забрзаат „напорите за постепено намалување на употребата на јаглен, во согласност со националните околности“.

„ Со оглед на нашата лидерска улога, ги потврдуваме нашите цврсти заложби, во остварувањето на целта на UNFCHC (Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени) за справување со климатските промени преку зајакнување на целосната и ефективна имплементација на Парискиот договор за намалување на глобалното затоплување“, се вели во декларацијата.

Можете да прочитате

Уште една милијарда долари помош од САД за Украина

Трамп: Претседателот на ФЕД е тотален губитник

Трамп: Кажете му на Медведев да внимава што зборува