Утрински Весник
Македонија

ФЗО-ЗПЛ: Со дигитализација до намалени бирократија и можни злоупотреби

D0bdd0b0d0bcd0b5d181d182d0be D187d0b5d181d182d0b8d182d0bad0b0 D0b1d180d0b8d182d0b0d0bdd181d0bad0b8 D0bbd0b5d0bad0b0d180 D0bfd0be D0b3 63cd887a2e5f3.jpeg

Преку дигитализација до намалување на бирократија и на можноста за злоупотреби, се наведува во денешното соопштение на Фондот за здравствено осигурување (ФЗ).

Решавање на проблемите со што се соочуваат лекарите во државава, било тема на разговор на директорите на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со претставници на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ), Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч.

 – Приватните здравствени установи (ПЗУ) се носечки столб на примарното здравство и тие се првиот контакт на граѓаните со лекарите. Нивната подобра ефикасност зависи од подобрите услови за работа, што значи пред сѐ намалување на бирократијата која во моментов е обемна. Планот на ФЗО е значајно да го подигне степенот на дигитализација и со тоа драстично да се намали бирократијата, а во исто време, да се постигне побрз проток на информации помеѓу институциите во здравствениот систем. Дигитализацијата ќе ја намали и можноста за злоупотреби, а во исто време, ќе ја подобри услугата на пациентите, потенцира в. д директорот Сашо Клековски, пишува во соопштението.

На средбата заеднички било констатирано дека само со дијалог, отворен однос, двонасочна комуникација, може да се решат сите проблеми во интерес на лекарите и на пациентите.

– Останува да се решат наталожените проблеми како што се барања за уредување на односите ПЗУ и матични доктори, зголемување на капитацијата, како и измени во казнени политики – укинување на дестимулација и казни изразени во проценти од плата.

Како вонредна мерка, ЗПЛРМ побара за време на екстремните температури, хроничните пациенти да не се препраќаат до специјалисти за нови препораки, туку да важат старите.

За ова барање, веднаш е информирано Министерството за здравство, се додава во соопштението на ФЗО. 

Можете да прочитате

Герасимовски до Град Скопје: Преполните контејнери се потенцијална зараза, чистете ги навреме

Со нож сакал да го нападне брат му: Кривична за маж од Прилеп

Андоновски-Гир: ЕУ ќе ја помага дигиталната трансформација на земјата