Фуркан Салиу со пост на ФБ ги повика граѓаните да ја бојкотираат владата а не маркетите.
” Џабе ги бојкотирате маркетите, бојкотирајте ја вашата влада.
Минималната плата е 22 567 денари.
На таа плата работодавачот треба да плати:
-2501 денари за здравствено осигурување
-9540 денари за данок
-1447 денари персонален данок
За минимална плата од 22 567 денари, работодавачот плаќа над 33 000 денари.
Ова за секој вработен, а на крај на годината плус 10% данок на добивка.
Со сите овие давачки на крај на работодавачот не му се овозможува добра инфраструктура за да не троши пари на пример за сервисирање на возилата секоја недела.
Или па образовниот систем кој што он го плаќа со сите овие даноци на крај не произведува квалитетни кадри кои што ќе му овозможат неговата компанија да биде поефикасна и да има поголем профит.
Таа истата држава на која што и плаќаме милиони во даноци секој месец со неефикасното работење ја испразни целата територија па нормално е кога продажбата е помала маржата да биде поголема за да се сервисираат трошоците.
Да не се разбереме погрешно… Има многу компании кои профитираа на грбот на граѓаните за време на пандемијата на пример. Ама и тоа им го овозможува државата затоа што овде можеш да ја купиш и правдата, и функционерот, и инспекторите.” – завршува Салиу.
Да потсетиме на социјалните мрежи се врти иницијатива во петок да се блокираат маркетите во Македонија поради последните поскапувања.
Повелете целосно постот на Салиу на линкот: