Утрински Весник
Спорт

Фудбалски тренер загубил 15 членови на семејството во земјотресот во Турција

Фудбалски тренер загубил 15 членови на семејството во земјотресот во Турција

Два страшни земјотреси го погодија југот на Турција. Првиот се случи рано утрото со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот удри неколку часа подоцна со јачина од 7,5 степени. Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува речиси повеќе од 2.300, а илјадници се повредени.

dobivaj vesti na viber

Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи земјотресот удрил додека најголем дел од луѓето спиеле.

Техничкиот директор на фудбалскиот клуб Сиваспор, Риза Калимбеј, изјави дека во трагедијата загинале 15 членови на семејството на Ајхан Тенбелоглу, еден од асистентите во стручниот штаб на турскиот клуб.

„Многу ни е жал за сите жртви. Наше сочувство. Утрото го повикавме нашиот тренер на голманите Ченгиз. Дознавме за нивната ситуација. Многу ни е жал за еден од помошниците тренери, Ајхан Тенбелоглу, дури 15 членови на неговото семејство починаа. Во Сивас врне и силен снег и тоа ја отежнува ситуацијата. Живееме во многу тежок ден и како клуб ќе дадеме сѐ од себе да помогнеме“, изјави Калимбеј.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка