Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир

20240805211124 Big 730x400 84.webp.webp

Машката фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот финалист на олимпискиот турнир, откако со пресврт го совлада Мароко со 2-1 во полуфиналниот натпревар одигран на стадионот „Велодром“ во Марсеј.

Мароканците поведоа со голот на Суифан Рахими од пенал во 37. минута.

Фермин Лопез израмни во 66. минута, а истиот играч во 85. минута му асистираше на Хуанлу Санчез за конечни 2-1.

Земјата на актуелниот европски шампион така ќе има можност да се бори за олимпиското злато, а противник ќе им биде победникот од втората полуфиналната пресметка меѓу Франција и Египет во Лион. 

Можете да прочитате

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг” во Скопје

Тренер по кревање тегови во Грција набавувал и снабдувал спортисти со допинг супстанции

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите