Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите на Фенербахче пред Дисциплинска комисија поради тепачка со навивачи

Fb Logo.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тројца фудбалери на Фенербахче се повикани пред Дисциплинската комисија на турскиот фудбалски сојуз поради тепачка со навивачите на Трабзонспор по завршувањето на првенствениот натпревар, соопшти денеска Здружението.

На 17 март голем број навивачи влетаа на теренот по натпреварот во кој Трабзонспор загуби со 2:3 на домашен терен, додека играчите на Фенербахче славеа победа. Навивачите на домашната екипа ги нападнаа играчите и тренерот на клубот од Истанбул, додека голманот Доминик Ливаковиќ беше удрен во глава.

Фудбалерот на Фенербахче Брајт Осеи-Самуел удрил навивач и сега ќе мора да се појави пред Дисциплинската комисија, исто како Џејден Остерволде кој го шутна истиот навивач, објави Турската федерација.

Повикани се и двајца вработени во Фенербахче, а пред Дисциплинската комисија ќе се појави и помошникот тренер на Трабзонспор.

Тепачката во Трабзон предизвика бурни реакции во Турција, три месеци откако претседателот на клубот Анкарагучу нападна судија по натпреварот.

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, го осуди насилството како „апсолутно неприфатливо“.

По тепачката уапсени се 13 приврзаници на Трабзонспор, од кои пет се во истражен затвор.

Генералниот секретар на Трабзонспор, Кемал Ертурк, минатата недела изјави дека навивачите биле неправедно уапсени и побарал што поскоро да бидат ослободени.

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи