Утрински Весник
Свет

„Фрлени се бомби врз три куќи на српски политичари во Косово“ – српските власти обвинуваат дека целта е етничко чистење на Србите

„Фрлени се бомби врз три куќи на српски политичари во Косово“ – српските власти обвинуваат дека целта е етничко чистење на Србите

Директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека во текот на ноќта во Поморавље биле фрлени три бомби врз куќи на претставниците и лидерите на Српската листа со цел да ги заплашат и принудат да ги напуштат своите домови.

dobivaj vesti na viber

Петковиќ обвини дека целта е етничко чистење на Србите, кое Курти, како што вели, континуирано го спроведува.

„Најпрвин околу 2 часот и 30 минути била фрлена бомба во дворот на Срѓан Ристиќ, директорот на УО „Пчелица Маја“ при што е причинета голема материјална штета, но за среќа членовите на семејството се добро. Истовремено, бомба била фрлена и врз семејната куќа и гаражата на Владица Аритоновиќ во селото Глоговце, кој е заменик градоначалник на општина Ранилуг. И тука е причинета голема материјална штета, а во нападот нема повредени.

Во текот на ноќта, била фрлена експлозивна направа кон куќата на Зоран Ристиќ од Ранилуг, директор на Центарот за социјална работа, но експлозија немало.

Според Петковиќ, станува збор за брутално заплашување на претставниците на Српската листа, кои, како што посочи, доаѓаат само неколку дена по заканите на Аљбин Курти дека Србите и Српската листа „ќе трпат и ќе платат“.

„Курти почна да го реализира својот план прво со апсење на тројца Срби, а сега гледаме дека се фрлени бомби врз три српски куќи. Очекуваме сериозно да се сфатат и истражат овие заканувачки напади врз претставниците на Српската листа, бидејќи тие испраќаат јасна порака и закана до Србите да ги напуштат своите вековни огништа“, рече Петковиќ.

„Канцеларијата ќе ги информира и меѓународните претставници за овие синхронизирани и планирани напади, бидејќи таквите дела со карактеристики на тероризам не смеат да се сфатат лесно“, додаде директорот на Канцеларијата.

Српската влада објави фотографии од куќите.

 

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд