Утрински Весник
Свет

Фрлена бомба во Косовска Митровица, најмалку едно лице е повредено

Iu

Нешто пред полноќ во северниот дел на Косовска Митровица е фрлена бомба во близина на еден од рестораните, на раскрсницата кај Техничкиот факултет. Најмалку едно лице е повредено, а екипи на косовската полиција се на терен, јавува КоССев.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за Радио Контакт плус изјави дека експлозивната направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на мотелот „Бишевац“.

„Едно лице е повредено, и е во болницата во Косовска Митровица, не знаеме колкав е степенот на повредите“, изјави Ељшани.

Тој изјави дека полициски екипи се на терен и дека повеќе детали ќе се знаат уподоцна. Присутни се и патролите на КФОР.

Во експлозијата се оштетени неколку возила.

Според информациите на порталот КоССев, две лица се повредени на местото на настанот.

Истрагата е во тек.

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег