
На овие избори СДСМ се консолидира, можеби е тоа пребавно, не знам, но факт е дека има консолидација кај нив, порача професорот Љубомир Фрчкоски во интервју во емисијата „Во Центар“
„Нејзиниот пад е помал поради неизленоста кога излесноста би била иста тие би имале 20 – 30 илјади плус гласови. Полека се консолидира во таа смисла, можеби преполека, можеби не може побрзо не знам. Но тоа е друг народ. СДСМ сепак организира еден друг малцински дел од македонскиот народ кој е поскептичен, покилав, помек, поинтелектуален“ вели Фрчковски.
Според него, поголем проблем е „роварењето“ на одредени структури во и околу партијата.
„Од 91-ра година јас сум сведочел на различни екипи кои „ровареле“ иако не сум бил член на СДСМ. Некои ми се допаднале, некои не. Некои сме ги третирале како исклучително глупави делови но никогаш не сме си дозволиле да ровариме против партија која ни создава подобра клима во делот на социјалните условно кажано невладини, граѓански делови кои што сме биле послободни да работиме. Сега што е поентата на тоа роварање, не ми е јасно. Не ми е јасно што е идејата. Идејата една лојалност не мора таа племенско – милитантна лојалност кај вмровците но елемнтарна лојалност по логика на тоа, еве да речеме фракцијата, најпросто речено, фракцијата на Заев доминира во овој период во партијата, океј таа има шанси да се реализира, океј е одиме понатаму да видиме што ќе се случува“ порача тој.
Фрчковски потсети дека актуелниот премиер Христијан Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ зад себе имал неколку изборни порази додека успеал да дојде во позиција да формира Влада.


