Утрински Весник
Свет

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ плови кон Црвено Море и Аденски Залив

20260506170617 big 730x400 47.webp.webp

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ се упати кон Црвено Море и Аденски Залив, како дел од подготовките на Франција и Велика Британија за идната мисија за обезбедување слободна пловидба низ Ормуска Теснина, соопшти денеска француската армија.

Француското Министерство за одбрана наведе дека „Шарл де Гол“ денеска помина низ Суецки Канал и плови кон јужниот дел на Црвено Море.

Носачот на авиони беше распореден во источниот дел на Средоземно Море откако САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран. „Шарл де Гол“ на море може да остане од четири до пет месеци.

Франција и Велика Британија ја предводат иницијативата за воспоставување меѓународна мисија за заштита на пловидбата во Ормуска Теснина, кога ќе дозволат условите

Можете да прочитате

Истече рокот од 60 дена, но нема договор меѓу САД и Иран

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област