Утрински Весник
Свет

Француски пратеник: Франција да го вразуми Зеленски, дојде време

Француски пратеник: Франција да го вразуми Зеленски, дојде време

Франција треба да заземе разумна позиција, да ја запре испораката на оружје за Киев и да го вразуми Владимир Зеленски, изјави лидерот на политичкото движење „Стани, Франција“.

dobivaj vesti na viber

Никола Дипон-Енјан објаснува дека тоа би го спречило продлабочувањето на социјалната и економската криза во Европа.

„Франција мора да се дистанцира и да заземе позиција на арбитер, бидејќи целта на Зеленски повеќе не е одбрана на Украина, туку има намера да го жртвува својот народ со тоа што ќе стане инструмент за уништување на Русија. Ова е сериозна грешка“, рече тој.

Пратеникот повика да се следи примерот на поранешниот француски претседател Жак Ширак (1995-2007), кој одби да ја поддржи американската инвазија на Ирак во 2003 година.

Според политичарот, ситуацијата околу украинскиот конфликт „излезе од контрола“ и „ја влече Европа во економско и социјално самоубиство“.

Дипон-Енјан смета дека борбите во Украина се во интерес на САД и Кина, бидејќи Москва е се’ поблиску до Пекинг, а Европа тоне во економска и социјална криза.

„Дојде време да се постигне мир, да се постигне компромис меѓу двете страни, да се смири Зеленски. Неопходно е целосно да се укинат економските санкции, да се запре испораката на оружје во замена за прекин на огнот и преговори. Овој масакр треба да се запре , бидејќи Украинците се тие кои ја плаќаат високата цена“, рече тој.

„Русија е голема сила и никаде нема да исчезне. Мораме да ја убедиме Русија, но и Зеленски. Мораме да ги заштитиме интересите на Франција. Франција не сака енергетска, социјална и економска криза, бидејќи тогаш нашите најдобри компании ќе заминат до САД и Кина и токму тоа се случува“, заклучи пратеникот.

Можете да прочитате

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток

Фон дер Лајен: Русија користи мигранти за хибридни напади врз Финска