Утрински Весник
Спорт

Франческо Бањаја потпиша нов договор со Дукати

W 57677702.jpg

Двократниот светски шампион во Мото ГП шампионатот, Италијанецот Франческо Бањаја денеска потпиша нов договор со тимот на Дукати.

Според новиот договор, Бањаја ќе остане во Дукати до крајот на 2026 година, објави италијанскиот тим на својата официјална веб-страница.

Во 2022 година Италијанецот му ја донесе на Дукати првата титула по 15 години, додека следната сезона успеа да ја одбрани.

Досега сè беше убаво, но ние сме тука да го направиме извонредно, заедно, повторно и повторно“, објави Бањаја на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера