Утрински Весник
Спорт

Фрација и Романија се првите четвртфиналисти на ЕП во одбојка

Фрација и Романија се првите четвртфиналисти на ЕП во одбојка

Oдбојкарите на Франција и на Романија се пласираа во четврт-финалето на Европското првенство.

dobivaj vesti na viber

По голема драма и пет сета, селекцијата на Романија ја совлада Хрватска со 3:2 (25:17, 25:20, 17:25, 26:28, 15:12).

Во второто осминафинале Франција беше убедлива и триумфираше над Бугарија со максимални 3:0 (25:21, 25:21, 25:15).
Романија и Франција ќе се сретнат во четвртфиналната пресметка.

Во останатите осминафинални дуели се среќаваат: Словенија – Турција, Италија – Македонија, Португалија – Украина, Германија – Холандија, Полска – Белгија и Србија – Чешка.

Можете да прочитате

Арсими последен четвртфиналист во Куп натпреварувањето

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА