На креативен начин, со натпис поставен на неколку дрвја во Кисела Вода, испратена е порака до сопствениците на кучиња да го соберат изметот кога ги шетаат по улиците своите миленици.
Впрочем, законот за јавна чистота предвидува парична казна од 50 евра за сите коишто нема да го соберат изметот од својот миленик.
*Непознат е авторот на креативниот натпис. Фотографијата поради нејзината инвентивност ја сподели на социјалните мрежи Горјан Милошевски, а ја направи Дана Милошевска.