Утрински Весник
Скопје

(Фото/Видео) Згради никнуваат во паркот во Ѓорче Петров

7b754201 F06b 43c0 Ae52 4c59f04a2a2a.jpeg

Градежната инвазија последните години е силно присутна во сите скопски урбани, а веќе и рурални средини.

Исклучок од тоа не е ниту скопската општина Ѓорче Петров, која до пред десеттина години беше симбол на маалски живот со улици со куќи и големи дворови.

Но денес во речиси секоја населба од оваа општина бројни се оградените парцели каде никнуваат висококатници.

Тоа, секако е најизразено во централниот дел од општината, од кружниот тек со Порта Влае па до централниот парк во Ѓорче Петров.

Тука во радиус од 300 метри се градат дури три висококатници, но она што на граѓаните им паѓа во очи е изградба на зграда во парцела која граничи со паркот и пазарот.

Некогашните мали куќи со симпатични дворови денес ги нема, а на нивно место се копаат темели за висококатница, па така на овој мал простор, наместо 5-6 семејства, наскоро ќе живеат повеќе од 30 нови семејства.

Сето тоа негативно ќе се одрази на квалитетот на живот во овој дел од општината, квалитет кој и денес веќе не е на завидно ниво.

Метеж и сообраќаен хаос, нервозни возачи и исплашени пешаци

И без нови згради овој дел од оштината секојднево се соочува со сообраќаен хаос. Преполни тротоари и ленти со паркирани автомобили, разни комбиња и камиоини кои доставуваат стока за пазарот и околнуте дуќани, диви продавачи кои продаваат на тротоари и зелени површини, е сликата што е секојдневие во најфрекфентниот дел од општината.

Сето тоа создава нервоза кај возачите, но и страв особено кај пешаците и велосипедистите.

Пензионерката Славица М. која со децении живее во близина на пазарот, вели дека во последните години воопшто не се чувствува безбедно кога оди да пазари.

„Најубав пазар во Скопје имаме, ама што фајде, гледате каков хаос е. Пешки не може да се помине, нема тротоари, коли од сите страни се паркирани, нема ни патека за велосипеди, а и во пазарот влегуваат и со велосипеди и со тротинети. Гледам сега на две места се копа за нови згради, па кој ќе дојде да живее овде? Каде ќе се паркираат тие коли? До кога само ќе се гради без да се мисли?“ вели револтирано жителката на Ѓорче Петров.

Но нејзините грижи не ја менуваат сликата за овој дел од градот, а богами ниту навиките на граѓаните.

Општина Ѓорче Петров заедно со Град Скопје и институциите успеа со столпчиња на стави крај на непрописно паркирање на возила на еден дел од улицата, но граѓаните продолжуваат со самоволие и некултура. За помалку од половина час видовме еден куп непрописно паркирани возила, но и несовесни пешаци и велосипедисти.

Проблемот со паркингот не се надмина ниту со отворањето на новиот трговски центар К-Мол и нов паркинг за околу 100 автомобили. Напротив, фактот што паркингот сега е бесплатен охрабрубва многу луѓе да се паркираат со часови, но и своите автомобили да ги оставаат на необележани места, а неретко и на самииот влез и излезе каде што треба да бидат поставени рампите.

Ќе следува и поголем хаос

Но ако сега сликата е ваква, не е тешко дека таа ќе биде уште пострашна кога ќе се вселат станарите во првата зграда, онаа во паркот Ѓорче, втората зграда, онаа кај пазарчето и третата на 200 местри од неа, на улицата Васил Чакаларов во правец на Влае.

Сепак, тука нема да зврши бетонизацијата на овој дел од населбата, затоа што со носењето на Деталниот урбанистички план за градска четврт СЗ 16 се предвидува изградба на десетици висококатници на самиот влез од населбата односно дијагонално од Порта Влае.

Граѓани цел месец протестираа против спорниот ДУП но тој на крајот остана на сила, па сега само се чека механизацијата за да започне со градба.

Можете да прочитате

Биди храбар Трајко, му возврати Арсовска на Славески

Приватните превозници во Скопје и утре нема да возат

„На потег е Арсовска“, Славески и прати барање за мислење за нова цена по која ќе возат приватните автобуси