Утрински Весник
Македонија

(Фото) Герила: ВМРО пред ЕУ потврди смело, Преспански договор е темел дело

1000006390.jpg

Герила акција денеска се појави во центарот на Скопје.

На платно, граѓани им го честитаа 23 октомври на ВМРО-ДПМНЕ со интересна порака.

,, ВМРО денес гордо слави патриотски потврдија пред ЕУ смело – Преспанскиот е ремек дело ” стои во пораката.

Ова доаѓа како реакција на излагањето на премиерот Христијан Мицкоски кој во Виена кажа дека Преспанскиот договор е брилијантен иако како опозиционер беше негов главен противник и најавуваше и негова ревизија.

Можете да прочитате

Метеж на Табановце, се чека по 40 минути

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

Убиецот оставил порака на фејсбук меѓу убиените 11 годишно дете