Утрински Весник
Свет

(Фото) Драма на небото над Италија: невремето оштети авион, дупки во трупот и крилата

(Фото) Драма на небото над Италија: невремето оштети авион, дупки во трупот и крилата

Патничкиот авион кој летал меѓу Милано и Њујорк бил пренасочен на аеродромот во Рим откако бил оштетен во невремето што денеска го погоди северот на Италија.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти американската авиокомпанија „Делта“, авионот морал принудно да слета поради неповолните временски услови, поточно голем град. Авионот слетал нешто пред 14 часот на аеродромот во Рим и патниците безбедно се симнале.

Споделените фотографии покажуваат оштетување на трупот и крилата на авионот.

„Авионот претрпе одредена штета за време на лошите временски услови. Локалниот тим за одржување ја проверува штетата“, соопшти компанијата.

Невреме денеска го зафати регионот на Ломбардија, каде жена загина откако дрво падна врз неа. Пожарникарите со часови се обидувале да го извлечат телото од под паднатото дрво, додека брзата помош можела само да констатира смрт.

Силно невреме пропратено со град и дожд денеска го погоди северот на Италија.

Можете да прочитате

Седиштето 11A: Единствениот преживеан и мистеријата на „среќното место“ во падот на Air India

Иран возвраќа со балистички ракети, експлозии се слушаат во Тел Авив

Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран