Утрински Весник
Спорт

Формула 1 со шест спринтерски трки во 2023

Формула 1 со шест спринтерски трки во 2023
Ss2

По одличниот прием кај Ф1 фановите, шефовите на спортот решија од следната сезона да има шест спринтерски трки во по споредба со трите послените две сезони.

dobivaj vesti na viber

Спринтерските трки во сабота беа воведени во 2021 година, и во овие трки, квалификациите се селат во петок, за саботна трка на 100 километри која го одлучува конечниот распоред за неделната „главна“ трка. Светскиот моторспорт совет (ВМСЦ) на ФИА ја потврди одлуката за шест трки во 2023, иако не ги објави патеките на кои ќе има вакви трки.

300x250 (7)

Силверстоун, Монца и Интерлагос беа домаќини на спринтерски трки во 2021, додека Имола, Ред бул ринг и Интерлагос беа избрани за сезоната 2022.

„Презадоволен сум што можам да потврдам шест спринтерски трки од 2023 година, по успешниот тест-период на новиот форматна тркање. Спринтот носи акција во три дена и возачите се борат за нешто од петокот до главната трка во недела. Фидбекот од фановите, тимовите, промотерите и нашите партнери беше екстремно позитивен“, изјави претседателот на Ф1, Стефано Доменикали.

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!