Утрински Весник
Свет

Фондацијата на Сорос се откажува од низа активности, но останува присутна на Балканот и во Украина

Фондацијата на Сорос се откажува од низа активности, но останува присутна на Балканот и во Украина

Претседателот на Фондот „Отворено општество“ на американскиот милијардер Џорџ Сорос, Алекс Сорос изјави дека организацијата ќе се откаже од голем број активности. Сепак, како што додаде, поддршката на тој фонд во Украина и на Балканот ќе продолжи.

dobivaj vesti na viber

„Ќе се откажеме од некои области на работа (во Европа). Исто така, значително ќе го намалиме персоналот. Нема сомнеж дека ќе продолжиме да го поддржуваме нашиот фонд во Украина“, напиша Алекс Сорос во написот за „Политико“.

Во исто време, Сорос смета дека победата на „МАГА републиканците“ (екстремна фракција на републиканците, именувана по изборниот слоган на Доналд Трамп „Make America Great Again“) на претседателските избори во САД во 2024 година би била полоша за ЕУ, отколку за САД.

Таквиот исход ќе го загрози европското единство и ќе го поткопа напредокот постигнат на многу фронтови како одговор на војната во Украина.

Тој додаде дека фондот ќе биде приспособен за да може да реагира на какви било случувања од двете страни на Океанот.

Можете да прочитате

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар