Утрински Весник
Магазин

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

1200 630 1766925239xbrigitte cover 159.jpg

Од мала и скромна просторија во познатата куќа Ла Мадраг (La Madrague), до светски позната, Фондацијата на актерка Брижит Бардо продолжува со заштита на животните и по смртта на актерката.

Фондацијата Брижит Бардо, основана од француската актерка во 1986 година во Сен Тропе, е посветена на заштита на диви и домашни животни во Франција и ширум светот, а  денес е една од најзначајните организации за правата на животните.

И по нејзината смрт, од Фондацијата најавија дека ќе продолжат „повеќе од кога било“ да го спроведуваат нејзиното дело. „Нејзиното наследство останува живо преку активностите што ќе ги спроведуваме со иста страст и верност кон нејзините идеали“, соопштија тие.

Со тим од 50 вработени во Париз и 300 работници на повеќе локации, фондацијата управува со центри во Нормандија и Дордонија, а истовремено спроведува и меѓународни проекти во 70 земји, вклучувајќи спасување животни и заштита на загрозени видови.

Бардо била активна до крајот на животот, учествувајќи во работата на Управниот одбор и барајќи укинување на сурови практики, како ловењето и борбите со бикови. Во соопштението се наведува дека Фондацијата продолжува со борба за забрана на присуство на малолетници во борби со бикови и укинување на консумирање коњско месо. 

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 17 Септември 2026 година

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри