Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен рече дека загинале околу 100.000 украински војници, изјавата потоа беше повлечена

Фон дер Лајен рече дека загинале околу 100.000 украински војници, изјавата потоа беше повлечена
Dik 300x250 mk

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во денешниот говор рече дека се проценува дека загинале околу 100.000 припадници на украинската армија и 20.000 цивили. Украинците досега избегнуваа да дадат прецизни информации за сопствените загуби, тврдејќи дека тие бројки ќе ѝ дадат предност на Русија.

dobivaj vesti na viber

Комисијата подоцна се извини, додавајќи дека изнесените податоци се неточни бидејќи проценката ги вклучува и повредените и загинатите. Реченицата беше отстранета од транскриптот на веб-страницата и од снимката на нејзиниот говор. Портпаролот на украинскиот Генералштаб одби да ги коментира објавените бројки, но повтори дека Русија ќе се соочи со казна за нејзините акции во Украина.

Фон дер Лајен рече и дека Европската Унија ќе формира специјален суд кој ќе го суди „злосторството против Украина“, односно за тоа што руската армија ја преминала украинската граница и ја започнала инвазијата.

Во последниве месеци Киев активно води кампања за формирање  специјален суд за судење на Русија за инвазијата.

Тој суд треба да овозможи кривични судски процеси против највисоките руски функционери, вклучувајќи ги Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Судот не треба да спроведе опсежна истрага имајќи предвид дека огромното мнозинство претставници во Генералното собрание на ОН се согласија дека Русија извршила кривично дело агресија.

 

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп