Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: Европа секогаш била и ќе биде проект на мирот

Ursula Fon Der Laen 5.jpg

Европа секогаш била и ќе биде проект на мирот, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

„Но, ние треба да сме силни за да го одржиме мирот. Планот „Подготвеност 2030 година“ има поширок опсег што ги разгледува различните димензии на безбедносните и мировните инструменти. Тоа е главниот пристап“, вели Фон дер Лајен.


Таа додава дека станува збор за план за масовни инвестиции во иновации, истражување, развој и иновативни стартапи.

„Италија, исто така, ќе има голема корист од овој план бидејќи има една многу реномирана и силна индустриска база во областа на одбраната“, посочува Фон дер Лејен.

Таа нагласува дека планот е една програма за инвестиции која ќе го зголеми просперитетот и од која корист ќе има италијанската економија и италијанското општество, но и инфраструктурата во служба на народот, како на пример болниците.

Во интервјуто, претседателката на ЕК исто така рече дека САД сè уште се доверлив сојузник.

Можете да прочитате

Масовните отпуштања насочени кон 10.000 работни места ги погодија американските здравствени агенции

Пентагон: Нова воздушна поддршка за заштита на трговските рути во Црвеното Море

Две девојчиња и нивната баба со часови заробени под урнатините во Мјанмар, ја снимиле агонијата низ која минале: таткото мислел дека се мртви