Утрински Весник
Свет

Флорида: Убил жена, па новинар кој известувал за убиство на девојка

Флорида: Убил жена, па новинар кој известувал за убиство на девојка

Вооружен маж уби еден телевизиски репортер и рани друг кога отворил оган врз нив додека известувале за убиство во близина на Орландо, Флорида, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Според нив, напаѓачот потоа убил деветгодишно девојче и ја ранил нејзината мајка во блиската куќа.

Осомничениот е идентификуван како 19-годишниот Кит Мелвин Мозес и бил уапсен веднаш по нападот врз телевизиската екипа, како и врз мајката и ќерката, изјави началникот на локалната полиција, Џон Мина.

Против Мозес е покренато обвинение и за убиство на жена, што го пријавиле двајца новинари кога пукал во нив, рече Мина.

Тој ги опиша двајцата нападнати новинари како репортер и фотограф на телевизијата „Spectrum News 13“, пренесува Ројтерс.

Мина рече дека осомничениот бил вооружен со пиштол кога бил приведен и има големо криминално досие.

Мотивот за нападот засега е непознат, но се верува дека Мозес ја познавал првата жртва, која била застрелана додека седела во автомобил со осомничениот напаѓач и уште едно лице.

Можете да прочитате

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд

ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд