Утрински Весник
Спорт

Фирентина во 91. минута го победи Саусоло

Фирентина во 91. минута го победи Саусоло

Фудбалерите на Фиорентина го победија Сасуоло со 2:1 на отворањето од 17. коло во Серија А.

dobivaj vesti na viber

Рикардо Сапонара го постигна водечкиот гол за Фиорентина. Тој го искористи подарокот од еден противнички играч и го совлада Консиљи. Сапонара на стартот од вториот дел влезе во игра, голот го постигна во 48.минута. Радоста на Фиорентина траеше неполни 10 минути, кога од пенал израмни Доменико Берарди.

„Виолетовите“ до триумф дојдоа во 91.минута со голот на Нико Гонзалес од пенал.

Фиорентина моментално е деветта со 23 бодови, додека Сасуоло е 16-ти на табелата во италијанскиот шампионат.



Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ