Утрински Весник
Свет

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава во училиштата

Mobile.webp.webp

Финска усвои закон со кој се ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди за време на наставата во основните и средните училишта, поради страв од нивното влијание врз благосостојбата и учењето на учениците.

MK Summit

Според измените, кои финскиот парламент ги одобри вчера, а ќе стапат во сила на 1 август, мобилните уреди ќе бидат строго ограничени за време на наставата, пренесува Гардијан.


На учениците ќе им биде дозволено да ги користат само со дозвола на наставникот поради здравствена причина или за учење.

Финска е најновата европска земја која воведе законски ограничувања за употребата на телефони и други мобилни уреди во училиштата поради сè поголемиот број докази за нивното влијание врз децата и младите, вклучувајќи го вниманието и самодовербата. Претходно годинава, Данска соопшти дека ќе забрани мобилни телефони во сите училишта.

Претседателот на финската комисија за благосостојба, Расмус Мејер за Гардијан изјави дека мерката е неопходна за да се спречи училиштата да бидат „колонизирани од дигитални платформи“ и го повика остатокот од Европа да го следи нивниот пример.

Ограничувања за мобилните телефони воведе и Франција, која во 2018 година им забрани на учениците од основните и средните училишта користење телефони во училишните простории, како и Норвешка, која неодамна објави строга минимална старосна граница од 15 години за користење социјални мрежи.

Можете да прочитате

Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава

Во Италија уапсени припадници на криминална група поврзана со мафијата

Во Германија уапсен 35-годишен Сириец: осомничен дека избол пет лица