Утрински Весник
Спорт

Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?

20240601090554 Big 730x400 46.webp.webp

Вечерва ќе биде познат освојувачот на трофејот во Лигата на шампионите за сезоната 2023/24. Во финалето на митскиот „Вембли“ во Лондон ќе се соочат пријатното изненадување Борусија Дортмунд и фаворитот Реал Мадрид, а почетокот на пресметката е во 21 часот.

Борусија Дортмунд има еден трофеј и тоа од сезоната 1996/97 по победата од 3:1 над Јувентус во финалето. „Жолто-црните“ имаат уште една пресметка за трофејот, во сезоната 2012/13, но тогаш на „Вембли“ загубија од големиот ривал Баерн Минхен со 1:2.
Од друга страна, Реал Мадрид победи во дури 14 од своите 17 финалиња низ историјата на турнирот. Така денеска „кралскиот клуб“ ќе го брка својот 15. трофеј во натпреварувањето и доколку го освои ќе го подобри сопствениот рекорд по титули во ЛШ.

Ова ќе биде „последниот танц“ за Марко Ројс кој изјави дека вечерва ќе му биде последниот натпревар во кариерата.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024