Утрински Весник
Македонија

Филипче за Клик Плус: Мерит системот на Мицкоски е партиски, се вработува по партиски заслуги

Venkoklikplus2 Scaled.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата Килк плус, упати критика за постапките на владата, во однос на партиските вработувања и користењето на Мерит систем. Филипче истакна дека владата го нарушува принципот на заслуги преку вработувања базирани на партиска лојалност, што ја влошува ситуацијата со јавниот сектор. Тој ги повика премиерот Мицкоски и претседателот на ЗНАМ, да предложат алтернативни решенија за „балансерот” и правичната застапеност. Според него сегашната состојба води кон партизација и разочарување меѓу граѓаните.

„Еве шанса на премиерот Мицкоски, на претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски да кажат која е алтернативата. Да го кажам веднаш ставот на СДСМ, целосно почитување на правичната застапеност притоа интегрирајќи во тој систем еден Мерит систем. Значи не може едниот систем или критериум да го исклучува другиот, тие треба да бидат комплементарни и да одат заедно. Се спротивно на тоа што се случува денес е на целосна партизација. Кога премиерот најавуваше дека ќе има Мерит систем очигледно парцијална изјава кажа”-истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој додаде дека ваквите практики не одат во прилог на граѓаните, кои се сѐ поразочарани од состојбата во државата. Филипче истакна дека вистински реформи во јавниот сектор значат почитување принципот на заслуги со што ќе се обезбеди подобар и потранспарентен систем на вработувања, од кој граѓаните ќе имаат корист.

„Системот за заслуги којшто сега се почитува е ексклузивно партиски. Партиските заслуги па се вработуваат без никакви критериуми луѓе се воведуваат и втори заменици директори со цел да се направат некакви внатре коалициски баланси и тоа никакво не оди во прилог на граѓаните коишто се сѐ поразочарани од тоа што се случува”-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче за Клик Плус.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме