Утрински Весник
Македонија

Филипче: Време е за единствен граѓански фронт за правда

Pretsedatel brisel 9.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во Брисел, учествуваше и на состанокот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) пред Европскиот совет, на кој што присуствуваше претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и лидерите на социјалдемократските и прогресивните партии од регионот и Европа.

По средбата претседателот Филипче даде изјава за медиуми, која ја пренесуваме интегрално:

Почитувани граѓани,

Ви се обраќам од Брисел, затоа што борбата за слободата и демократијата во Македонија бараат акција и заедничко дејствување.

Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување.

Кога парламент носи неуставна резолуција, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Во режим.

Власта сака да ја замолчи и да ја забрани работата на опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор.  

СДСМ тоа нема да го дозволи, ќе ја одбраниме слободата и демократијата.

Овде, во Брисел, ќе побарам поддршка од цела Европа, од сите прогресивни и демократски сили, од сестринските социјалистички и социјалдемократски партии.

Македонија мора да биде слободна, демократска и европска држава.

Време е за формирање единствен граѓански фронт – фронт за правда, слобода и демократијата.

Фронт во кој сите, без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност, ќе застанеме како еден во одбрана на демократијата, слободата на говорот и мислењето, и во одбрана на Македонија.

Да ја одбраниме Македонија. Да ја одбраниме демократијата!

Можете да прочитате

Платила 152.000 денари за „сигурно“ вработување во државна институција, измамена скопјанка

Му посакувам брзо оздравување вели Митева за Лукровски

Тошковски: Никој не може да ме убеди дека тогаш имало докази, а сега нема за случајот Мазут