Утрински Весник
Економија

Филипче: СДСМ не стои зад протестите на синдикатите, но ги подржува барањата на работниците

Pretsedatel Venko Sdsm 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ не стои зад протестите на синдикатите но ги подржува барањата на работниците, истакна на денешната пред конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека платите се ниски и луѓето не можат да преживеат затоа потребни се промени и раст на платите па оттука рече Филипче и прифаќање на барањето да минималната плата се зголеми и да биде 30 000 денари.


„Апелирам Владата да излезе во пресрет на барањата на работниците, платите се ниски цените се надвор од контрола, луѓето едноставно не можат да преживеат. Рационално и реално е барањето да минималната плата биде 30 000 денари. Има како да се воспостави точно е дека има Методологија меѓутоа секогаш со политичка интервенција може и законот да се смени со цел да се излезе во пресрет на барањата”, рече Филипче.

Притоа тој потсети на амандманите и предлог законите на СДСМ за зголемување на минималната плата, за зголемување на платите во јавниот сектор, понатаму предлог законот за зголемување на платите во приватниот сектор преку системот на ослободување од дополнителните давачки на платите со цел работодавачите од приватниот сектор да се растеретат. Сите овие предлог закони од кои ниту еден не беше прифатен од власта,  напомена претседателот Венко Филипче.

Можете да прочитате

Возниот парк во земјава стар 20 години, доминираат дизел возилата, само еден отсто се хибридни и електрични

Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари – ноември 2025 година

Во мобилната телефонија 2.105.467 претплатници, 459.643 фиксни линии