Утрински Весник
Македонија

Филипче: СДСМ ќе настапи со најдобрите кандидати за локалните избори

Img 4391.jpeg

На својот фејсбук-профил, вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека партијата на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници. Тој истакна дека процесот на избор на кандидати ќе се спроведе преку широк консултативен процес, во прв ред со членството, а потоа и со сондажи меѓу граѓаните.

„Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат“, напиша Филипче.


Тој додаде дека на работната средба во Кочани, со новото раководство на СДСМ, се разговарало за подготовките за претстојните локални избори и начинот на избор на кандидати.

Можете да прочитате

Дневната програма на Виноскоп се преместува за утре поради најавени врнежи

Левица: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлагаат истиот „смешен” закон за игри на среќа што го напаѓаа во опозиција

Дали Владата го копира албанското сценарио: Се турка ли државен монопол врз игрите на среќа?