Утрински Весник
Македонија

Филипче: СДСМ е движење на надежта, на еднаквоста и човечноста

D r venko filipche pres konferenczija 2.jpeg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче од големиот митинг во Струмица порача дека СДСМ не е само партија, туку движење на надежта, еднаквоста и човечноста.

„Да го кренеме СДСМ, не само како партија, туку како движење, како сила, како народна надеж. А кога ќе се собере целата таа сила, ќе дојде и победата”, истакна Филипче.


Тој додаде дека токму овие вредности , еднаквост, правда и грижа за човековото достоинство , се темелот на социјалдемократската визија.

„Затоа што СДСМ е партија што се бори за еднаквост, за правда, за човековото достоинство. Затоа што СДСМ не поттикнува омраза , туку се бори за општество за сите, , изјави Филипче, нагласувајќи: „Ние веруваме и создаваме сила што не гази, туку ги поддржува граѓаните. Веруваме дека државата е најсилна кога е на страната на луѓето.”

Тој порача дека СДСМ отсекогаш била чувар на државните интереси и двигател на напредокот: „СДСМ секогаш бил и ќе биде потпора и заштита. И темел и кров. Партија што, со сите маани, никогаш не се откажа од патот кон слобода, еднаквост и напредок.”

Можете да прочитате

Два автомобили запалени во скопски Карпош

Од пациентка побарале 3.000 евра за итна операција на сопругот, сведоштво на трибина во Куманово

Малолетник тешко повреден по удар од автомобил