Утрински Весник
Македонија

Филипче-Санчез: Прогресивните сили мора да дејствуваат заеднички

673944465 1561344305348794 2013542484836324431 n.jpg

Претсеседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка и пријателска средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

На средбата Филипче и Санчез разговараа  за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа и потребата од силна соработка, солидарност и заеднички одговори во време на неизвесност.


“Ваквите контакти се важни за зајакнување на позицијата на нашата земја
и за градење партнерства со лидери кои споделуваат исти вредности – социјална правда, економски развој и европска иднина”,  вели Филипче во објавата на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/share/p/1DrqwxnPU2

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол